Лондонски Челси дојде до трите бода од дуелот со Кристал Палас. Кога се чинеше дека мечот ќе заврши без голови, Зијеш на минута пред истекот на 90. минути постигна гол кој значеше триумф за сините.

Арсенал ја оправда улогата на фаворит во дуелот со Брентфорд, победи на Емирати со 2-1, трите погодоци беа постигнати во второто полувреме.

Во 48. минута Смит Роу го отвори натпреварот, на десет минути пред крајот Сака даде гол за 2-0. До крајот на мечот Брентфорд во 95. минута преку Норгард успеа да постигне само почесен гол.

Ливерпул со 3-1 беше подобар од Норич, и тука мрежите мируваа во првиот дел, а на самиот почеток на второто полувреме гостите дојдоа во водство со гол на Рашица. Ливерпул успеа да израмни со гол на Мане во 64. минута, а три минути подоцна Салах погоди за комплетен пресврт и водство на црвените од 2-1, конечните 3-1 ги постави Диаз.

Со голови на Армстронг и Лонг во второто полувреме, Саутемптон со 2-0 го победи Евертон.

Ватфорд со 1-0 победи на гостувањето кај Астон Вила, Барнли беше најубедлив славејќи со 3-0 кај Брајтон, мечот меѓу Вест Хем и Њукасл заврши нерешено 1-1.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.