Ливерпул го прегази Манчестер Јунајтед на „Олд Трафорд“ со 5-0 и му го нанесе еден од најтешките порази во историјата. Со оваа победа Ливерпул израмни рекорд токму на „Црвените ѓаволи“ кој датира од 1960-та година и станаа само втор тим во историјата на Премиер лигата кој победил на два последователни гостински меча со пет или повеќе голови, без да се затресе нивната мрежа. Единствениот тим кој го направил тоа досега бил Манчестер Јунајтед.

На претходното гостување Ливерпул со идентични 5-0 славеше против Ватфорд.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.