Олимпик Лион во саботата го декласираше Манчестер Сити стигнувајќи до полуфиналето од елитното натпреварување на Лигата на шампионите со Баерн Минхен.

Иако важеше за аутсајдер, францускиот тим го победи Манчестер Сити со 3-1, приредувајќи уште една голема фудбалска сензација.

Но, без да се девалвира играта и успехот на Лион, впечаток е дека Сити сам се елиминира и го продолжи проклетството што се влече откако Пеп Гвардиола стана менаџер на овој тим.

Неговиот претходник Мануел Пелегрини во 2016 година го однесе тимот во полуфинале, но Шпанецот никако не успева да го повтори тоа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.