Претседателот на УЕФА Александар Чеферин ја повторни заложбата за промени во форматот во завршницата во Лигата на шампиони (ЛШ) и организирање фајналфор по примерот на другите екипни спортови на Стариот континет.

– Тоа би бил одличен крај на сезона, а, исто така, би имал и голем ефект врз приходите на УЕФА доколку правилно се организира, истакна Чеферин во интервју за францускиот весник „Л’Екип, спроти вечерашното финале меѓу Челзи и Манчестер сити во ЛШ.

Завршниот турнир, популарно наречен „Фајналфор“, каков што се организира во другите популарни спортови во Европа, како кошарката, ракометот и одбојката, би можел да заживее од сезоната 2024/25 за кога УЕФА планира нова реорганизација на европските купови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.