Синоќа се одиграа натпревари од 1.коло во новото издание на Лигата на нации.

Во најинтересниот судир, Шпанија стигна до драматично реми 1:1 како гостин на Германија. Во исто време, Украина ја совлада со 2:1 Швајцарија на другиот натпревар од Лигата „А“.

Првитетри бода ги однесе и Унгарија, совладувајќи ја Турција со 1-0 на гости.

На другиот натпревар во групата, Велс победи со 1-0 како гостин на Финска.

Лига на нации, 1. коло:

Лига „А“

Германија – Шпанија 1: 1
1:0 Вернер (51)
1:1 Гаја (90 + 6)

Украина – Швајцарија 2: 1
1:0 Јармоленко (14)
1:1 Сеферовиќ (41)
2:1 Зинченко (68)

Лига „Б“

Бугарија – Ирска 1:1
1:0 Краев (56)
1:1 Дафи (90 + 3)

Финска – Велс 0:1
0:1 Мур (80)

Русија – Србија 3:1
1:0 Ѕујба (48) пен.
2:0 Караваев (69)
2:1 Митровиќ (78)
3:1 Ѕујба (81)

Турција – Унгарија 0:1
0:1 Шобошлеј (80)

Лига „Ц“

Молдавија – Косово 1:1
1:0 Николаеско (20)
1:1 Кололи (72)

Словенија – Грција 0: 0

Лига „Д“

Летонија – Андора 0:0

Фарски Острови – Малта 3:2
1:0 К. Олсен (25)
1:1 Дегабриеле (37)
1:2 Нуоко (73)
2:2 А. Олсен (87)
3:2 Хендриксон (90)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.