Тимот на Лидс минатата недела потврди дека сака во своите редови да го доведе искусниот италијански голман Буфон чиј договор со ПСЖ истече.

Но, изгледа дека Буфон не е единствениот ветеран кој Лидс сака да го доведе во своите редови ова лето. Имено, „Гол“ објави дека управата на англискиот клуб го контактирала и легендарниот Франческо Тоти.

Наводно, Лидс му понудиле на Тоти можност да се врати од пензија и да потпише едногодишен договор со овој клуб. Лидс сака да се врати во Премиер лигата и верува дека во тоа можат да помогнат Тоти и Буфон, а нема дилеми дека продажбата на дресови и тоа како би се зголемила ако потпишат со еден од ветераните.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.