Роберт Левандовски не сака Барселона да игра против Баерн во групната фаза од Лигата на шампионите.

На прашањето од германските новинари дали сака да се соочи со својот поранешен клуб во груата од елитното фудбалско натпреварување, Левандовски одговори:

– Не! Ова не треба да се случува во групната фаза. Сè уште е рано. За мене тоа би било чудно чувство. Ве молам, само не со Баерн.

Полскиот фудбалер не очекува проблеми кај навивачите на бундеслигашот при евентуално негово гостување на „Алијанц Арена“.

– Се надевам на добар прием од навивачите на Баерн. Имам само позитивни спомени од времето поминато во тој клуб. Приказната што ја имавме со Баерн ќе остане засекогаш во моето срце, потенцира напаѓачот на Барселона во интервју за „Sport Bild“.

Да потсетиме дека на ждрепката за групите во Лигата на шампионите, Баерн ќе биде во првиот, а Барселона во вториот шешир

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.