Репрезентациите на Германија и Србија синоќа одиграа пријателски натпревар (1-1) на кој во последните секунди од мечот српскиот напаѓач Павков заработи сосема заслужен директен црвен картон. Тој грубо стартуваше над офанзивецот на Манчестер Сити, Лерој Сане кој за среќа мина без потешка повреда.

За грубиот старт по крајот на мечот проговорел и германскиот селектор, Јоахим Лев кој истакнал дека единствена среќа е она што Сане минал без повреда.

Многу, многу грд фаул. Сане има среќа што не е потешко повреден. Со таков фаул се крши нога. Фала му на Бога, па не се случи нешто такво, рекол Лев.

Двете репрезентации се подготвуваат за своите први натпревари во Квалификациите за европското првенство 2020. Германците во недела и гостуваат на репрезентациајта на Холандија, а Србија во понеделник на гостински терен ќе си ги измери силите со селекцијата на Португалија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.