Горан Пандев денеска играше само 13 минути на гостувањето кај Болоња по што мораше да му го отстапи местото на Пинамонти поради повреда на коленото што ја доби при удар од противнички играч. По лекарските прегледи ќе се знае колку е сериозна повредата на Пандев.
Доколку Пандев не биде во можност да игра во плуфиналето на Лигата на нациите, тоа ќе претставува голем удар за македонската фудбалска репрезентација која ја делат два натпревари до историски пласман на Европското првенство.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.