Легендата на италијански Јувентус, Џанлуиџи Буфон, по една сезона мината во ПСЖ, ќе се врати во клубот каде мина цели 17 години.

Како што јавува Џанлука Ди Марзио на неговата веб-страница, 41-годишниот Буфон се согласил на едногодишен договор со клубот од Торино, каде потоа ќе стане дел од стручниот штаб на тимот.

За потсетување, Буфон бранеше за Јувентус 17 сезони, од 2001 до 2018 година. Тој за „бјанконерите“ има запишано вкупно 656 настапи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.