Една од најголемите бугарски легенди, Красимир Балаков, членот на златната генерација од СП 1994 кога источниот сосед Бугарија стигна до четвртото место на Мундијалот во САД, им посочи на медиумите во својата земја дека очекува Македонија да направи изненадување на Европското првенство.

Црвено-жолтите денеска од 18 часот во Букурешт дебитираат на Еуро 2020, во мечот од првото коло во групата В против Австрија, а Балаков кој после СП во САД беше дел и од Еуро 1996 со својата селекција посочи дека очекува од црвено-жолтите – сензација.

Очекувам ова Еуро 2020 да е нетрадиционално, настрана фаворитите и изненадувањата, а се надевам и посакувам најголемото изненадување да биде Македонија – рече Балаков.

Тој посочува дека главни фаворити за него се Англија и Франција, ама има уште неколку други кои може да изненадат.

Англија и Франција се фаворити, ама никој не може да ги отпише Италија, Шпанија, Германија, Португалија… Колку и да има смена на генерации во Шпанија ли Германија, ништо тоа не значи, двете селекции може да го освојат Еуро 2020. Многупати имало изненадувања – додава Балаков.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.