Италијанскиот фудбалски клуб Лацио ги осуди расистичките песни на неговите навивачи адресирани кон играчите на Милан пред вториот натпревар од полуфиналето на националниот куп.

Клубот се дистанцира од однесувањето на фановите кое во никој случај не одговара на вредностите на спортот што Лацио ги поддржува и промовира во текот на својата 119-годишна историја. Ние ги отфрламе претпоставките на некои медиуми за колективна одговорност на нашите навивачи. Убедени сме дека инцидентот го предизвикаа неколку луѓе. Клубот отсекогаш се борел за почитување на законите и за почитување на однесувањето, се вели во соопштението на Лацио.

Лацио го победи Милан со 1-0 и избори финале со Купот на Италија каде ќе се сретне со екипата на Фиорентина.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.