Претседателот на Јувентус, Андреа Ањели и првиот човек на Лацио, Клаудио Лотито, влегоа во расправија за време на состанокот за судбината на сезоната 2019/20 во Серија А.

На средбата се разгледуваше и можноста за предвремено прекинување на првенството, пренесува „Тутопорт“ .

– Дали сте ги виделе податоците? Епидемијата се повлекува! Ова го знам затоа што комуницирам со експерти кои се во првите редови, а не со докторите на фудбалските клубови, рекол Лотито.

На ова, Ањели одговрил:

– Па, се разбира, сега станавте искусен виролог.

Јувентус и Лацио се двете првополасирани екипи во моментот на прекин на првенството во Италијанското фудбалско првенство

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.