Раководството на Ла Лига соопшти дека постигнала начелен договор со инвестицискиот фонд ЦВЦ за продажба на својот удел во лигата.

Договорот ќе создаде нова компанија која ќе има малцински удел од 10%.

За ова, фондот ќе плати 2,7 милијарди евра, кои ќе одат за развој на Ла Лига.

Како дел од трансакцијата, вредноста на Ла Лига се проценува на 24,25 милијарди евра.

Лигата забележува дека од 2,7 милијарди евра, околу 90% од сумата ќе оди директно во клубовите, вклучително и женски, полупрофесионални и аматерски тимови

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.