Македонската фудбалска репрезентација вечерва од 20:45 часот во Бер Шева против Израел го игра петтиот натпревар во групата Г од квалификациите за ЕП 2020. Избраниците на Ангеловски ќе се обидат да прикажат подобра игра и да стигнат до бодови по поразите од Полска и Австрија во Скопје.

Нашата репрезентација има претрпено четири порази во меѓусебните пресметки со Израел, но сепак, последниот натпревар ни припадна нам кој го одигравме на гостински терен, со оглед на тоа дека пред две години во Тел Авив славевме со 1-0 со голот на Горан Пандев.

Селекторот Ангеловски повторно не може да смета на комплетниот состав, со оглед на тоа дека Стефан Ристовски е повреден и го пропушта овој двомеч, но најголемиот проблем претставува повредата на Горан Пандев кој ќе биде неизвесен за игра до пред самиот почеток на натпреварот. Неизвесен беше и Аријан Адеми, но капитенот на Динамо Загреб тренирал со полн интензитет на последниот тренинг пред натпреварот и најверојатно вечерва ќе биде стартер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.