Откако Белгија совладувајќи ја Португалија, се пласираше во четвртфиналето на Европското првенство со 1-0. „Црвените ѓаволи“, голманот Куртоа не го криеше задоволството од неговата одлична игра, како и играта на целиот тим во одбраната.

„Немав многу работа на претходните три натпревари во групата, но знаев дека тоа нема да биде случај вечерва против Португалија. Горд сум на моите соиграчи, тие се бранеа многу добро. Во вакви натпревари мора да ја зграбиш секоја шанса што ќе ти се укаже. Италија исто така ќе биде тежок противник, но докажавме дека сме подготвени за овој тип на искушенија“, изјави Куртоа.

Белгија останува на првото место на ФИФА ранкинг листата и без разлика на исходот на шампионатот, ќе остане на врвот и следниот месец.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.