Холандскиот тренер, Роналд Куман, кој доби отказ од Барселона поради слаби резултати, одбива да прифати намалување на отпремнината што треба да му ја исплати клубот.

Куман ја презеде Барса во август 2020 година, напуштајќи го кормилото на холандската репрезентација пред истекот на договорот, а каталонскиот клуб за тоа плати пет милиони евра отштета.

Холанѓанецот со Барселона потпиша двегодишен договор, но по 14 месеци е отпуштен. Во договорот со Барселона е предвидена отпремнина од 12 милиони евра во случај на предвремен раскин на соработката. Барселона сега му нуди на Куман седум милиони евра, што холандскиот тренер нема намера да го прифати.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.