Барселона синоќа ремизираше 1-1 на гостувањето кај Атлетик Билбао во рамки на 2.коло во Ла Лига.

Мемфис Депај со одличен гол израмни и донесе бод за неговиот тим иако неколку минути подоцна имаше и шанса за целосен пресврт, но биеше крај голот. Тренерот Роналд Куман е свесен дека Лионел Меси сериозно ќе му недостига на тимот особено кога се брка резултатот или кога треба да се реши натпреварот.

„Не сакам веќе да зборувам за тоа, но се работи за најдобриот фудбалер на светот. Противниците имаат поголем страв кога Меси е на теренот. Ако на Лео му ја дадете топката тој вообичаено не ја губи. Може да се види добро дека тој не е тука повеќе. Свесни сме за тоа, но не можеме ништо да промениме“, изјави Куман.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.