Белгискиот фудбалски прволигаш Остенде започна со пилот проект за ангажирање кучиња за откривање заразени со коронавирус, во обид да ги намали финансиските трошоци за набавка на ПЦР тестови кога властите ќе ја симнат забраната за присуство на навивачи на стадионите.

Клубот објави на својот официјален сајт дека склучил договор за соработка со локалната агенција за дресура на кучиња „K9 Detection“, истакнувајќи дека ваквиот метод на откривање позитивни случаи на Ковид-19 веќе дава резултати, а со успех се применува и на аеродромите во Финска и во Обединетите Арапски Емирати.

-Неколку играчи во клубот, надушкани од нашите кучиња, добија негативни резултати на коронавирус преку стандардните ПЦР тестови. Осум до девет денови подоцна сите тие беа позитивни на вирусот. Нашите кучиња тоа веќе го открија. Во Остенде беа вчудоневидени и доколку ги следеа нашите инструкции, заразените фудбалери ќе можеа порано да бидат сместени во карантин и да биде спречено ширење на вирусот меѓу другите фудбалери, изјави за клупскиот сајт, Јан Векхујзен од „К9 Detection

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.