Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо уште еднаш ја истакна посветеноста кон репрезентацијата.

Роналдо синоќа го постигна водечкиот гол на пријателскиот натпревар против Катар (3:0), со што 36-годишниот Португалец постигна гол против 46 земја, што е нов светски рекорд.

Како и секогаш, горд сум што ја претставувам мојата земја и нејзините бои. Уште еден успешен тест на нашиот амбициозен, непопустлив пат кон сонот – историското Светско првенство 2022 година во Катар – искоментира Роналдо.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.