Кристијано Роналдо го постигна вториот гол за Португалија која синоќа во Лисабон го совлада Израел со 4:0 во пријателски натпревар. Со новата реализација, Роналдо дојде до учинок од 43 голови на последните 42 натпревари во националнит дрес.

Вкупно, Роналдо има постигнато 104 гола за репрезентацијата и на само пет голови од рекордот на репрезентативно ниво, што го држи поранешниот фудбалер од Иран, Али Даеи, кој за својата национална селекција постигна 109 голови.

Еден од најдобрите фудбалери на светот, шанса да стане апсолутен рекордер ќе има на претстојното Европско првенство. Неговата репрезентација ќе игра во Ф групата со Германија, Франција и Унгарија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.