Кристијано Роналдо ќе игра против Ајакс во четвртфиналето од Лигата на шапмпиони. УЕФА одлучи да го казни само со 20.000 евра поради својата прослава по натпреварот против Атлетико Мадрид што Јувентус го доби во своја корист 3-0.

Роналдо сакаше да му врати на Диего Симеоне за контроверзното славење откако Аргентинецот слично гестикулираше кон публиката по првиот натпревар.

Казната од 20.000 евра за Роналдо е околу 30 отсто од неговата неделна плата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.