Кристијано Роналдо нема да биде во составот на Манчестер јунајтед за саботното премиерлигашко дерби против Челзи, официјално соопштија од клубот. Во соопштението на „црвените ѓаволи“ се додава дека сите останати фудбалери се подготвени и фокусирани на претстојниот натпревар.

Португалецот се најде на удар на жестоки критики откако го напушти вчерашниот натпревар против Тотенхем пред неговото завршување.

Поради тоа, Роналдо ќе го пропушти следниот натпревар, а нема да тренира со првата екипа ниту во следните три денови.

Британските медиуми јавија дека Роналдо на дуелот против Тотенхем, исто така, одбил да влезе во игра од клупата за резерви и го напуштил стадионот „Олд Трафорд“ во 89. минута.

Ова не е првпат сезонава Роналдо да напушти натпревар на својот тим пред судијата да означи крај. Истото го стори и на полувремето на пријателскиот натпревар против Рајо Ваљекано откако беше заменет.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.