Еден од најдобрите светски фудбалери, Кристијано Роналдо во следниот период веројатно ќе го посети главниот град на Македонија.

Ова го најави сопственикот на ФОН Универзитетот, Сефер Цаноски кој на својот Фејсбук профил објави фотографија со Португалецот под која напиша: „Конечно, после 9 години прифати да биде гостин на ФОН универзитет `…Наскоро… Најдобрите на едно место…`“

Сѐ уште не е познато во кој период ќе пристигне Роналдо во Скопје како гостин на првиот приватен универзитет во Македонија.

Роналдо претходно во Македонија беше во 2003 година со младата репрезентација на Португалија, а се уште се свежи сеќавањата кога беше гостин со Реал Мадрид за натпреварот од Суперкупот на УЕФА против Манчестер Јунајтед.

Извор: Суперспорт

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.