Капитенот на португалската фудбалска репрезентација, Кристијано Роналдо, најави дека ќе го напушти Манчестер јунајтед доколку раководството на премиерлигашот не донесе сериозни засилувања во летниот преоден рок.

Според весникот „Дејли мејл“, Роналдо е незадоволен од работата на клупското раководство и нивната стратегија во делот на трансферите.

Ливерпул го донесе Дарвин Нуњез, а Манчестер сити се засили со Ерлинг Халанд. Се шпекулира дека Јунајтед би можел да потпише со Френки де Јонг, Јуриен Тингер … , но засега нема ништо од тоа. Роналдо им поставил ултиматум на клупските челници. Сака да види нови играчи во тимот или во спротивно ќе замине од Јунајтед – пишува лондонскиот весник.

Претходно, неколку шпански медиуми објавија дека Роналдо би можел кариерата да ја продолжи во Баерн Минхен, доколку полскиот напаѓач Роберт Левандовски замине од бундеслигашот и ја засили Барселона.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.