Кристијано Роналдо е подготвен и вечерва ќе го носи дресот на португалската репрезентација во дуелот против Шведска, во рамките од второто коло од Лигата на нации.

Триесет и пет годишниот напаѓач го пропушти саботниот натпревар со Хрватска поради инфекција на ногата. Инфекцијата заврши и ЦР7 е подготвен за игра.

Во неделата тренираше околу 30 минути, а во понеделникот веќе работеше на исто ниво со соиграчите. Можно е Роналдо да биде меѓу стартерите вечерва, а можно е и тој да се појави по паузата.

Ова ќе биде прв официјален натпревар на Роналдо оваа сезона. Офанзивното трио на „морнарите“ се очекува да биде составено од Роналдо, Жоао Феликс и Бернардо Силва.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.