Премиерлигашот Кристал палас им се приклучи на Баерн Минхен, Борусија Дортмунд и Наполи во трката за српскиот фудбалер од Ајнтрахт, Лука Јовиќ, објави „Скај Спорт“.

Јовиќ е прв стрелец во Бундеслигата со 12 гола, а лондонскиот клуб сака да го види на напаѓачката позиција во своите редови. Ајнтрахт Франкфурт ќе го откупи договорот на позајмениот Јовиќ од Бенфика за шест милиони евра, според претходно склучен договор, а потоа очекува понуда од најмалку 40 милиони евра.

Ако Кристал палас одвои толкава сума за Србинот, тоа ќе биде нов клупски рекорд за трансфер на играч. Досегашниот е 32 милиони евра, сума платена за Бентеке.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.