Англиските и италијанските медиуми јавуваат дека Манчестер Јунајтед и Рома постигнале договор за едногодишна позајмица на дефанзивецот Крис Смолинг.

Стоперот не ги исполни очекувањата на Олд Трафорд и веќе подолго време не е провтимец во англискит клуб, па тој сезоната која што само што започна ќе и биде отстапен на Рома.

За едногодишната позајмица Рома на Јунајтед ќе му плати 3 мил. евра, а според написите, на крајот на сезоната ќе може да го откупи неговиот договор за 12 мил. евра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.