Англискиот фудбалски стручњак, Крис Хјутон од денеска не е тренер на премиерлигашот Брајтон. Тој со своите помошници се разрешени поради слаби резултати.

Хјтон го предводеше Брајтон од декември 2014 година.

Несомнено, ова беше една од најтешките одлуки што требаше да ја донесам како претседател на Брајтон, но морав да преземам ваков чекор поради нашите лоши настапи во втората половина на сезоната. Персоналот и навивачите на Брајтон секогаш ќе се сеќаваат на Крис како еден од најдобрите и најреномираните менаџери на нашиот клуб, истакна Тони Блум, претседател на Брајтон.

Во сезоната 2018/19 во англиската Премиер лига, Брајтон го освои 17. место.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.