Англија денеска гостува во Приштина каде играат за квалификациите за ЕП. Фановите на англиската решрезентација ги наполнија кафулињата и рестораните во приштина каде им беше приредено топло добредојде.

Косовските навивачи го искористија присуството на англичаните и заедно скандираа со брутални навреди кон Србите и Србија… „Е.и ја Србија“ – беше главниот слоган кој го промовираа Англичаните за време на својата посета на Косово, кој наиде на жестоки реакции од целокупната спортска јавност во Англија.

И од Англиската фудбалска федерација се огласија дека не сакаат некоректно навивање на своите навивачи, а дел од нив ќе бидат и санкционирани со забрана за натамошно следење на натпреварите на нивната селекција.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.