Вчерашниот контролен натпревар меѓу екипите на Дрита и Ренова (1-5) предизвика бура меѓу светските обложувалници кои мечот го имаа ставено во својата редовна дневна понуда за типување. Како што јавува „Спортмедиа“, обложувалниците се прашуваат зошто мечот првично бил најавен како пријателски меч меѓу Дрита Гњилане (Косово) – Ренова (Македонија), а потоа излезе дека всушност е пријателски меч меѓу Дрита од Боговиње и Ренова.

Во многу обложувалниците мечот во понудата бил ставен и за уплата во живо како дуел меѓу косовската Дрита и екипата на Ренова. Некои од букмејкерите за време на натпреварот, а некои дури по него дознале дека всушност не станува збор за дуел меѓу косовскиот и македонскиот тим, туку за дуел на два домашни тима и тоа со драстично различен квалитет.

Во обидот да се спаси дел од „прометот“, некои обложувалници веднаш драстично ги спуштиле коефициентите за победа на Ренова, дел од уплатите во живо биле стопирани, а некои обложувалници денеска ги поништиле сите уплати за оваа средба. Сепак, како што јавува порталот, оние кои биле најбрзи во уплатите во живо одлично се офајдиле.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.