Англија синоќа на дуелот со Косово, во меч од квалификациите за ЕУРО 2020, прими гол во 34 секунда. Ова е најбрз примен гол на „Гордиот Албион“ во последните 26 години.

Стрелец на погодокот беше фудбалерот на Лацио, Валон Бериша.

Натпреварот заврши со победа на Англија 5-3.

Најбрзиот гол англиската репрезентација го прими во ноември 1993 година. Тогаш во квалификациите за СП во 1994 година, играчот на Сан Марино, Дејвид Гуалетиери го погоди англискиот гол во осмата секунда од мечот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.