Откако репрезентацијата на Србија се пласира на Светското првенство, Фудбалската федерација на Косово побара Србите да бидат казнети од УЕФА и ФИФА за национализам и иредентизам при прославата на победата против Португалија.

На Косовците им пречат кренатите три прсти и маиците кои ги носеа српските фудбалери на кои го пишуваше слоганот „Весели се српски роде“, а има и мапа на Србија сосе Косово. Во песната „Весели се српски роде“ се спомнуваат места кои се во Косово и Црна Гора, па за претставниците на ФФ на Косово тоа е неприфатливо.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.