Поради корона вирусот одложено е и Светското првенство на непризнаени држави кое требаше да се игра во Македонија кон крајот на мај. Од нивната федерација наречена „Conifa“ велат дека се принудени да го одожат и оти тоа ќе биде организирано кога условите ќе дозволат.

Приоритет во моментов е здравјето на сите наши членови, на тимовите, на волонтерите… Експлозијата на Ковид-19 значеше дека не може да се тренира, не можевме како организациски комитет да одиме во Македонија за да се подготвиме, откажаните летови направија проблем да не може да се стигне до дестинацијата… За нов датум ќе разговараме, ама ќе сочекаме да се смири комплетно ситуацијата, пред да излеземе со некоја информација“-изјави претседател на КОНИФА, Пер Андрес Блинд.

На првенството требаше да учествуваат држави кои не се признаени од ОН, но и региони во кои има многу тензии како Јужна Осетија, Курдистан, Нагорно Карабах и сл…

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.