Едно од најголемите засилувања на Ливерпул ова лето, Тиаго Алкантара нема да ги игра следните натпревари за тимот од „Енфилд“, бидејќи имаше позитивен тест за коронавирусот.

Алкантара, кој неодамна дојде во Англија од Баерн и дебитираше во победата над Челси од 2:0, минатата недела го пропушти натпреварот од Лига купот против Линколн.

И тогаш навивачите се сомнитеваа, а потоа Ливерпул објави: „Тијаго имаше благи симптоми на вирусот, но тој се чувствува добро и сè подобрува. Клубот ги следи сите протоколи поврзани со коронавирусот, а на Тијаго ќе му биде одреден временски период во самоизолација“.

Премиер лигата објави дека во последната рунда на тестирање имало десет позитивни играчи, што е најголем број по еден пресек од почетокот на тестирањето.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.