Тренерот на Тотенхем, Антонио Конте, порача дека доделувањето службен пораз на неговиот тимот во натпреварот против Рен (0:3) во 6. коло од групната фаза на Конференциската лига е неправеден потег.

Оваа одлука е неправедна. Целиот свет знае дека се соочуваме со толку голем проблем како што е Ковид. Не е дека неигравме по наша вина, туку затоа што имавме многу играчи со позитивни тестови, а нашата влада реши да ги прекине нашите тренинзи и да го затвори тренинг центарот. Да бидам искрен, одлуката што ја донесе УЕФА е неверојатна за мене, клубот и нашите навивачи. Ова е дефинитивно неправедно. Ќе се бориме против оваа одлука. Сакаме да се бориме за продолжување на учеството на турнирот на фудбалскиот терен, а не на суд – истакна Конте за британските медиуми.

Претходно УЕФА пресуди дека натпреварот Рен – Тотенхем не се одиграл по вина на Британците и тие добија службен пораз од 3:0.

Со таквиот резултат, Рен со 14 бода стана победник во групата Г и се пласираше во плеј-офот од Конференциската лига. Тотенхем со седум бода заврши на третото место во групата и не се пласираше во следната фаза.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.