Новиот тренер на Интер, Антонио Конте е незаодовлен од раководството на клубот. Тој е разочаран од работата во однос на трансферите и смета дека некои од ветувањата што му се дадени, почнуваат да пропаѓаат.

Еден од главните проблеми за Конте е трансферот на Ромелу Лукаку. Напаѓачот на Манчестер Јунајтед беше близу до преминувањето на „Сан Сиро“, но по последните разговори, веројатноста за ова се намалува. „Нероазурите“ не се подготвени да платат 75 милиони фунти, кои ги бараат од „Олд Трафорд“. Последната понуда на Интер беше да се земе играчот две сезони на позајмица и да се плати 9 милиони фунти за тоа, а договорот да има опција за купување од 54 милиони евра. Овие услови, сепак, не беа прифатени од претставниците на Јунајтед.

По овие разговори, Интер почна да бара поевтини опции за централен напаѓач и сврте кон Едисон Кавани. Договорот на Уругваецот со Париз Сен Жермен истекува следното лето, но и неговиот ангажман нема да биде лесна задача за Интер, имајќи ја в предвид платата која тој ја има во францускиот шампион.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.