Неочекуваниот кикс на Интер против Славија од Прага (1-1) во првото коло од групната фаза во Лигата на шампиони, донело проблеми во соблекувалната на Антонио Конте. „Кориере дело Спорт“ пишува дека по натпреварот дошло до вербална, а за малку и физичка пресметка помеѓу Марсело Брозовиќ и Ромелу Лукаку.

Репрезентативецот на Белгија побарал од тимските колеги да се држат до планот на Конте, односно да се игра по земја. Сепак, во финишот од натпреварот, Интер нервозно играше на високи топки, а Брозовиќ, кој е главен во средниот ред, тоа наводно го сфатил лично.

Репрезентативецот на Хрватска веднаш тргнал да се соочи со Лукаку, но благодарение на брзата реакција на тимските колеги, била спречена физичката пресметка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.