Реал Мадрид и Тотенхем би можеле да направат размена на фудбалери во зимскиот преоден рок, објавија шпански медиуми.

Според медиумите, Герет Бејл веќе остварил контакти со Тотенхем.

Велшанецот во 2013 година за трансфер од 100 милоиони евра стана фудбалер на Реал, но сега го загуби статусот на стандарден стартер, и би сакал да си оди за да ја врати формата пред Европското првенство.

Тотенхем на Реал би му го продал Кристијан Ериксен. Договорот на Ериксен истекува во јуни, па јануарскиот преоден рок е последна шанса клубот да заработи нешто на Данецот, бидејќи на лето ќе може да си оди како слободен, без никаква отштета

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.