Откако по комплетирањето на денешното коло во ПМФЛ стана јасно дека Вардар од следната сезона ќе игра во Втората лига Запад, со своја реакција се јавија најверните навивачи – Комиtи:

НАЦИОНАЛЕН СРАМ ! Доколку ја погледнете табелата на Првата Македонска Фудбалска лига а притоа сте Mакедонец, не може а да немате мачнина во стомакот и горчина во душата. Летово Aлбанците ќе имаат 10 преставници во Европа (3 од Македонија), а Mакедонците само еден, и притоа тој еден не претставува ниту 1% од Mакедонците. Табелата на Македонската Фудбалска Лига од секогаш била одраз на она што го преставуваат политичките елити. Овој срам најмногу оди на душа на истите оние двајца ликови кои го организираа погребот на Вардар. Вардар нема пријатели во македонскиот фудбал. Вардар нема пријатели ниту лево ниту десно. Вардар има непријател во политичките елити. Единствени пријатели на Вардар се Црвено – Црната Армија и македонскиот народ. И токму нив Вардар ги повикува на општа МОБИЛИЗАЦИА. Не може државата да биде мирна додека народот страда. Не може политичкие елити да имаат спокој додека македонскиот национален симбол – ВАРДАР рони солзи и крвари… Имаме механизми и силна мотивација одговорните да ги казниме, и нема ни за момент да се колебаме тоа да го направиме.Од се она што видовме и доживеавме, единствен заклучок кој можеме да го извлечеме е дека Македонија не го заслужува Вардар, па поради тоа можеби треба сериозно да размислиме Вардар да ја преставува Македонија во некоја соседна лига наместо да се натпреварува во (анти)македонската. Главите горе затоа што Вардар ќе живее се додека живее и последниот Македонец.

НАЦИОНАЛЕН СРАМ !
Доколку ја погледнете табелата на Првата Македонска Фудбалска лига а притоа сте македонец, не може а…

Posted by Komiti Skopje on Sunday, 9 May 2021

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.