Најверните вардарови навивачи Комити, попладнево, се појавија на арената „Тодор Проески“ на првиот тренинг на Вардар, кој почнува нова ера со ново раководство, нов тренер и од – Втората лига.

Комити на фудбалерите им посочија дека нема да ги остават во ниту еден момент, без разлика што првпат во историјата нивните миленици нема да играт во елитниот ранг.

„Каде и да играте, не ве оставаме. Да знаете дека ние сме тука, Втора лига, општинска…“, им порачаа Комити на фудбалерите.

Сите вардарови навивачи очекуваат стабилизација на клубот, и финансиска и организациска и кадровска, како веднаш би успеал низ првата своја второлигашка сезона во историјата експресно да се врати во Првата лига. Фудбалерите на Вардар за момент го запреа и денешниот прв тренинг отпоздравувајќи им на „Комитите“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.