Зборувајќи за неговиот трансфер во Лацио, српскиот фудбалер Александар Коларов во емисијата „Вечер со Иван Инвановиќ“ откри дека во Рим многу му помогнал македонскиот капитен Горан Пандев.

Првите 7-8 месеци живеев во кампот на Лацио. Ми беше тешко, не го знаев јазикот, градот беше голем…Имав среќа што таму беше Горан Пандев кој многу ми помогна. Горан го знаеше јазикот, ми помогна да се адаптирам и вечно ќе му бидам благодарен. И денес сме во добри однси, освен што е фантастичен тој е и голем човек, порача Коларов.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.