Во светот постојат 59 непризнати држави и региони. Поголем дел од не се признати од никого нити се членки на Обединетите нации, или пак се признати само од една држава која е нивен патрон.

Таков  е примерот со Северен Кипар кој е признат само од Турција, или пак Крим кој е составен дел од Русија.

Дел од овие територии ќе играа на Светското првенство за непризнати држави кое следната година треба да се игра во Скопје на Националната арена. Тие се обединети во асоцијација која се вика  CONIFA.

Светското првенство се игра на секои две години и новото ќе се игра во јуни во нашата земја. Постојат многу непознаници за ова т.н Светско првенство. Кој дал дозвола да се игра на Националната арена, дали ФФМ како членка на УЕФА и ФИФА ќе сноси некакви последици, дали на ова натреварување смеат да играат фудбалери кои се регистрирани како професионални играчи и сл.

Кога ќе се погледне листата на земји станува збор за проблематични региони каде до пред извесно време имаше и војни како што е Абхзија, Крим,Осетија, Западна Сахара и сл.

На ранкинг листата на CONIFA води Оцитанија, пред Северен Кипар и Карпатија

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.