Клубот Џенова за кој настапува македонскиот репрезентативец Горан Пандев, денес го промовираше новиот тренер, Роландо Маран.

Договорот со 57-годишниот фудбалски стручњак е потпишан на две години.

Последната работа на Маран беше во Каљари, од каде беше отпуштен во март.

Претходно, Маран ги водеше и Киево, Катанија, Бари и Бреша.

Минатата сезона во Серија А, Џенова го зазеде 17. место, обезбедувајќи опстанок во последното коло. 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.