Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија и градоначалникот Коста Јаневски денеска со пресечување на свечена лента го предадоа во употреба новото фудбалско игралиште со вештачка трева во Струмица.

Изградбата чини 280 илјади евра, обезбедени од „Хет трик III програмата“ на УЕФА, од страна на Фудбалската федерација на Македонија. Oпштина Струмица ги обезбеди локацијата, проектот и одобрението за градба и со учество на ФК „Академија Пандев“.

-Денешниов ден ми е посебно драг, затоа што спортската инфраструктура, по новата спортска сала во ООУ „Никола Вапцаров“ и мултифункционалното игралиште во четвртата урбана заедница, ја збогативме со уште еден спортски терен, а тоа е новото фудбалско игралиште со вештачка трева, рече градоначалникот Јаневски.

Претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини истакна дека за нив се исклучителни деновите кога се отвараат стадиони и се подобрува инфраструткурата во целата држава.

-Особено ми е чест и гордост што денеска се наоѓам во Струмица, во градот од којшто има произлезено многу наши репрезентативци, кои денеска нас не претставуваат, рече Сејдини.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.