Ливерпул сезонава ќе ја брани титулата во Лигата на шампионите, а вчерашната ждрепка им донесе добра група каде за противници ги добија Наполи, Салцбург и Генк.

Новиот клуб на македонскиот репрезентативец Елиф Елмас, лани сериозно го намачи тимот на Јирген Клоп.

Зар повторно тој Наполи? Не знам колку пати сум го водел тимот против Наполи, но очигледно е дека се тие добра и искусна екипа. Минатата година Алисон не спаси од елиминација од нив. Тие за малку ќе не исфрлеа уште во групната фаза, но ние на крајот успеавме да дојдеме до титулата, коментирал Клоп по ждрепката.

Што се однесува до Салзбург и Генк многумина мислат дека се тоа некои мали екипи, но не е така. Тие имаат млади тимови желни за успех и ќе биде интересно да се игра против нив. Ова не е лесна група, но можеше да минеме и полошо, додал Германскиот тренер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.