Лидерот во англиската Премиер Лига, Ливерпул утре ќе игра против Лестер на „Енфилд“. Јирген Клоп ќе се обиде да го надмудри својот претходник, Брендан Роџерс кој не забележа поголем успех со „црвените“.

Германецот смета дека Роџерс врши одлична работа во Лестер и дека е способен да го однесе тој клуб до Европа.

Тој може да го однесе Лестер во Европа. Тие се супер екипа. Не се поразлични од другите од топ 6, вели Клоп кој дојде на местото на Роџерс во 2015 година, а дури и живее во куќата на поранешниот стратег на клубот од Мерсисајд.

Се надевам дека навивачите добро ќе го пречекаат. Јас немам проблем со него. Редовно му плаќам кирија и тоа толку висока што тој нема потреба да работи, се пошегувал Клоп на сметка на тренерот од Северна Ирска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.