Битката за титулата не е завршена, менаџерот Јирген Клоп беше непоколеблив по победата на Ливерпул со 4:0 над Лестер Сити во четвртокот. „Црвените“ совладаа уште еден директен конкурент и сега водат со 13 поени на првото место.

– Да бидам искрен, не зборувам за борбата за титули, додека таа сè уште е во полн ек. Одигравме добар натпревар. Завршивме силно и постигнавме неколку убави голови. Ние не ги слушаме приказните за крајот на сезоната и се фокусираме само на следниот натпревар затоа што имаме што да се подобриме. На пример, контролата на натпреварот, нашата одбрана во првото полувреме. Постигнавме слатка победа и утре (денес) почнуваме одново, рече тој.

Во историјата на Премиер лигата, нема тим кој имал 13 поени во оваа точка во сезоната и не станал шампион. Неодамна, Манчестер Јунајтед имаше ваква удобна предност во 1993/1994 година, а „црвените ѓаволи“ завршија на првото место со осум бода предност пред вториот.

– Може да измислувам ваков тип на работи цело време. Во историјата на англискиот фудбал, нема тим што имал таква предност и ја изгубил целата. Ова звучи толку негативно, зошто би сакал воопшто да размислувам на тоа? Реков дека се фокусираме на следниот натпревар. Петте престојни се против Вулвс, Шефилд Јунајтед, Евертон, Тотенхем и Манчестер Јунајтед. Како што кажав, ништо не ми звучи решено. Нашата работа е да се подготвиме за тие натпревари. Сè друго е не е важно, заврши тој.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.