Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп, рече дека ќе биде неправда да се откаже првенството на Англија 2019/20 без да биде прогласен шампион.

– Некои луѓе нудат да ја откажеме сезоната, но ние веќе поминавме 76 отсто од патот. Луѓето сакаат да ја искористат ситуацијата и да го поништат, но не е фер да се направи тоа. Ливерпул убедливо води на табелата. Ние мора да станеме шампиони, изјави Клоп.

По 29 кола во англиската Премиер лига, прекината поради пандемијата на коронавирус, Ливерпул е лидер со 82 бода. Најблискиот гонител на тимот од Мерсисајд, Манчестер сити – има 25 бода заостанување

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.