Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп изјави дека не е сигурен што ќе направи откако ќе му истече договорот со „црвените“. Наводно на Клоп му бил понуден нов повеќегодишен договор, меѓутоа Германецот одлучил да не го потпише затоа што сакал да паузира откако ќе му истече тригодишниот договор со клубот од „Енфилд“.

Ако почувствувам дека повеќе не можам, тогаш ќе земам пауза од една година и тогаш ќе одлучам што ќе правам понатака. Имам еден голем проблем, а тоа е што не знам како да ја дозирам својата енергија. Или давам се од себе, или ништо, изјави Јирген Клоп.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.